Сакаме светот да слушне за „Универзалци” и Македонија

Боксерскиот клуб „Универзалци” од Скопје, најавува дека во иднина има амбициозни планови кои планира да ги оствари.

Тие викендов настапија на државно првенство во бокс во Македонија. Нивниот тренер Васко Цубалевски настапи со три млади боксери, Марко Стојаноски, Костадин Пешовски и Љубен Селев. Интересно е тоа што сите тројца успеале да стигнат до финалето.
„Универзалци” се закитија со едно злато и два сребрени медали. Марко Стојаноски е златното момче, кое стана државен првак, додека во изедначени борби со противниците, Костадин и Љубен станаа вицешампиони и се закитија со сребрен медал. 

Неодамна Марко Стојаноски ги бранеше и боите на клубот и државата на меѓународен боксерски спектакл, каде што и таму успеа да ги демонстрира своите вештини и да се закити со златен медал.
Со тој златен медал донесен од меѓународниот турнир, Марко Стојаноски и неговиот тренер Васко Цубалевски, го отпочнаа освојувањето на боксерската светска сцена. Многумина очекуваат доста силни резултати во иднина од овој клуб и од надежното дуо Цубалевски-Стојаноски. Во овој клуб тренираат и се натпреваруваат и боксерите : Благоја Давитковски , Александар Танчовски, Александар Давитковски , Роберт Каревски, Александар Тренчевски, Гаго Огњановски, Славе Гроздановски ….