Премостување на дупката помеѓу меинстримот и екстримот

The Rise of Superman – официјален трејлер

Базиран на истоимениот бестселер на Стивен Котлер во кој што се декодира мистеријата за врвните човечки перформанси, во етер е пуштен трејлерот за серискиот филм чии седум епизоди сме во исчекување и нетрпение да ги погледнеме. 

Авторот во „The Rise of Superman“ ги поврзува ултимативните спортски перформанси со една единствена појава – флоу flow ˈflō – константен и флуиден проток на некоја материја. Според него, сите големи достигнувања на полето на спортот се направени кога човекот се наоѓа во ваква состојба, а тој ја дефинира како оптималната состојба на свесност во која што човекот нешто изведува и се чувствува најубаво.

Во интервју со психијатарот Нед Халовел од медицинскиот факултет во Харвард во врска со книгата на Котлер тој кажува: 

„Флоу-то природно те катапултира на ниво во кое што не се наоѓаш природно. Тоа природно го трансформира слабиот во силен, танчерот во балерина, спориот во спринтер, обичниот човек во некој исклучителен. Сè што правиш, правиш подобро во флоу. “

Повеќе тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија