Ретро ски маркетинг (галерија)
Возејќи се со старата добра Рено 4ка Ве враќаме назад во скијачкото маркетинг минато, а таму богами има што да се види и повторно почувствува.
Најдобриот пријател на човекот. Michelob Light и бернардинецот, а понекогаш и жената – 1980 година
Кастингер скијачки кондури. Да спиеш со нив – 1972 година
Пак скијачки кондури, сега Кофлак и добра цура – 1961 година
Нордика банана кондура. Првата целосно пластична кондура со пет жабици – 1973 година
Оригиналните ски зајачици – 1950 година
Дреч Саломон комбинизони. Ако не се дреч, не ги носи – 1988 година
Олимписките рејбанки – 1976 година
White Stag скијачка опрема – 1961 година
Боли Head – 1986 година
Француски скијачки хеланки – 1961 година
Стилот што шашардисува – 1976 година (На вакви Кастел скии прв пат почнав да скијам)
Како скијале французите – 1967 година