Решен проблемот со ракавиците и екранот

Иде поладничко време па ретко на кој ќе му се вади ракавица на отворено за да стисне едно копче на смартфонот.

Најголемиот дел од вашите ракавици за било која намена не се компатибилни со вашиот смартфон, односно ве тераат да ја тргнете ракавицата за да можете да стиснете едно „answer“ копче што не е баш најсјајна работа кога надворешната температура е студена, особено ако правиме муабет за зимските спортови. 

Nanotips е едно ново мало продуктче кое доаѓа во облик на лак за нокти и има за цел да ви го реши токму овој проблем кој често ве остава со кочан ладни раце и лоша комуникација. Едноставно мачкате еден слој на прстот од ракавицата со која најмногу работите на смартфонот, дувате со фен и тој дел веќе станува компатибилен со вашиот екран. 

Од лакот има два вида во зависност од матерјалот на вашите ракавици, а после подолга употреба ќе треба повторно да нанесете слој за да се поврати својството. Едно шишенце од 20 долари може да послужи за околу 15 до 20 нанесувања.

Ако не сте при пари, а сè уште сакате да направите некаков бајпас на проблемов, јас со години го користам врвот на носот како делче од кожата за комуникација кога рацете ми се покриени и со текот на времето станав многу добар во тоа.