Решавање на една точка од Вело-резолуцијата за 2014

Во една од категориите на желби кои самите граѓани ги посакаа за Вело-резолуцијата посветена на главниот град за наредната година стои ставката: Во 2014та сакам Скопје (на точак) кое ќе нема паркирани автомобили на велосипедска патека. Еве што може НаТочак да му прати на градоначалникот како идеја за решавање на проблемов.

Иако целото видео е исценирано и направено за публицитет и гласови, градоначалникот на Вилниус, главниот град на Литванија уште пред неколку години го покажа најконкретниот начин за решавање на проблемот со паркираните автомобили на велосипедска патека кој има 100 проценти шанса за превоспитување на несовесни шофери.

Воедно, супер леснен начин да заситиш една велосипедски измачена душа која се обидува да преживее во една ваква средина.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија