Редефинирање на хокејот, а можеби и на целата спортска индустрија

Набргу откако ја промовираше својата нова GoPro Hero 4 камера, гигантот за малите камерчиња прави сериозен чекор кој може целосно да го промени начинот на директното емитување и да го претвори гледањето на натпреварот во едно неверојатно ново искуство.

Набргу по ослободувањето на информациите за новата Гопро 4 камера кое се случи вчера (а со проджба ќе стартува од 5 октомври), Националната Хокеј Лига во Америка (NHL) заедно со GoPro пружија рака за инкорпорирање на камерите во регуларната сезона со што на гледачите ќе им се пружи уникатно искуство на гледиште од „прво лице“ на дел од кадрите на самиот натпревар. 

Играчите ќе носат камери на нивните шлемови, дресови и маски во целата наредна сезона која почнуваа на 8 октомври, а доколку одреден играч постигне гол или учествува во некоја интересна акција, ТВ партнерите на НХЛ лигата кои ги имаат правата за снимање на натпреварите ќе можат овие кадри да ги користат во дополнителни прилози преку кои ќе се прикажат најинтересните моменти од „прва рака“.

Брајан Џенингс, маркетинг директорот на НХЛ вели дека камерата (технологијата) ќе помогне во одгатнување на најскриените делови од спортот и во покажување на вистинските вештини на играчите. 

Играчите пак од друга страна, исто така ја пречекаа идејата со позитивен поздрав. 

Уште претходната зима, нашата мала K4T продукција присуствуваше на отварањето на хокеј центарот во салата „Борис Трајковски“ и успеа да долови вакви снимки од загревањето на првиот наптревар.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија