Реал Овиедо спасен!

Најбогатиот човек за 2012 година го спасува од пропаст шпанскиот третолигаш Реал Овиедо.

 

Иако приврзаниците на Реал Овиедо успеаја да соберат дури 1,2 милиони фунти во една ноќ за спас на својот клуб, истите средства не беа доволни па „малата“ финансиска помош од мексиканскиот магнат ја оствари нивната желба.

Имено, Карлос Слим, личноста прогласена за најбогат човек за 2012 година и сопственик на бројни телекомуникациски компании инвестираше додатни 1,6 милиони фунти и со тоа ги откупи најголемиот дел од акциите. Со ова клубот успеа до крајниот рок, 17 ноември 2012 да собере и повеќе од доволни финансии за негов опстанок.

И Хуан Мата, Санти Казорла и Мичу кои инаку своите кариери ги започнаа токму во Овиедо учествуваа во неговото спасување купувајќи дел од акциите.