Разликата е 26

Постарата има 42 а помладата само 16 години, разликата е цели 26, кој сигурно ќе донесат интерес доколку се “судрат” со рекетите.  Тенисерката Кимико Дејт Крум од Јапонија играше полуфинале на Вимболдон кога Дона Векич од Хрватска пристигна на овој свет. 

Од 5-ти до 11-ти Ноември ќе се одржи турнир (Royal Indian Open WTA Challenger) во Пуне, Индија, на кој ќе учествуваат некој од 100-те најдобри женски тениски имиња меѓу кој покрај неполнолетната Дона Векич и најискусната Кимико Крум ќе се прокнижат и Нина Братчикова од Русија, Андреа Петкович од Германија и многу други. Доколку се случи, силен интерес ќе побуди дуелот на двете крајности од најмладиот и најстариот учесник на овој турнир .

Моментално Дона е рангирана 114 а Кимико на 99 место според  ВТА листата.

И двете тенисерки се наши звезди. Сакаме да се пласираат што подалеку на турнирот.“ Изјави директорот на Royal Indian Open чиј најграден фонд изнесува 125 000 долари.

Со настапот на Кимико на овој ВТА турнир се потврдува правилото дека годините не треба да преставуваат пречка за активно занимавање со спорт.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија