Наслов

Како се роди Gore-Tex

Една ноќ во подрумот на Боб Гор, кампувањето доби нова доза на удобност, а самиот Гор стана најбогатиот човек во Делавер.

„Делуваше како да вековната потрага по лесен водоотпорен, но дишлив материјал, заврши со огромен успех“ - напиша Филд и Стрим, најпопуларното американско аутдор списание во 1977.

Ова издание следува една година откако малата фабрика за планинарска опрема Early Winters, за прв пат започна да произведува шатори и јакни со Gore-Tex. Новата опрема за аутдор ентузијастите, дотогаш навикнати на гломазните вреќи за спиење и потење во шушкавците за дожд, значела вистинско препородување.

Early Winter всушност не била првата фабрика каде Gore-Tex материјалот бил презентиран, но сепак еднинствена која го употребила во свој проивод. Овој нивен чекор завршил со продажба на стотици од револуционерните водоотпорни шатори за само неколку недели и инвестиција во 9.000 метри од новата технологија.

Само неколку години порано, Боб Гор го пронајде политетрафлуороетиленот кој се растегнува (expanded polytetraflouroethylene—ePTFE), основата на Гор-текс-от во еден подрум во Делавер. Матерјалот е всушност истегнат тефлон. Во тоа време, компанијата Гор поседувана од неговите родители Бил и Вивие произведувала кабли изолирани со тефлон; со истегнување на овој материјал и додавање на воздух, тие мислеа дека ќе заштедат некој денар. 

Првите обиди на Боб да го загрее и истегне овој материјал биле неуспешни - без разлика колку внимателно тоа го правел, материјалот се кинел. Една вечер во 1969 година, тој загреал еден кабел и пробал да го истегне во обратна насока. Тој го истегна кабелот набрзина, а наместо да се скине тој се издолжувал и издолжувал. 

На микроскопско ниво овој ePTFE изгледаше како растегната гума за џвакање (подоцнежните иновации имале поорганизирана структура). Порите меѓу конците испаднале да се доволно мали да ја зачуваат водата надвор, но и доволно големи за да ја пуштаа пареата да помине. Потенцијално, овој матерјал би можел да го одржи човекот сув и во исто време излуфтиран од сопствената евапорација!!

Сепак, планинарите кои мислеа дека ќе можат да ги освојуваат врвовите без да се „дават“ во нивната пот и камперите кои мислеа дека ќе бидат сигурни на снегот набргу беа разочарани. Водоотпорноста функционираше перфектно, но тешкото беше во овозможување на телото да се ослободи од сопствената пареа. Беа потребни долги години за развивање и усовршување на оваа карактеристика.

Како и да е, материјалот денес одржува милиони луѓе суви, а Боб Гор е еден од најбогатите луѓе во Делавер. Компаниите сè уште мислат дека се некој матерјал со уште подобри карактеристики чека да биде откриен. 

ИЗВОР

30 Септември 2014

За авторот