Наслов

Радожда - Трпејца на кајак

Викендов Бојан Трајковски и Саше Ангеловски имаа план за веслање на целото македонско крајбрежје на Охридското Езеро. Иако момците не успеаја во нивната првично зацртана цел, сепак тие направија одлична езерска авантура која во иднина може да се подобри и направи на еден поинаков начин. 

Планот на Бојан беше да се тргне од Радожда, Струга, и во еден ден на кајак да се измине целото македонско крајбрежје на Охридското Езеро, со финиш во Св. Наум. Предвидената рута беше околу 40 километри а тој, заедно со Саше и гумениот „Итивит” кајак тргнаа рано наутро на 25.08.2018. 

Екипата имаше одлични временски услови до 15 часот и 30 минути кога по кратката пауза во Пештани и во движење кон Трпејца временските услови започнаа да се влошуваат. Во Трпејца стигнаа 15-тина минути порано од предвиденото време но дождот, ветерот и ниската температура на водата ги спречи да ги извеслаат послдните 7 километри од нивната првично зацртана цел, Св. Наум. 

Вкупната дистанца на оваа релација према калкулациите направени со Страва е 40 километри кои беа изминати за вкупно време од 10 часа и 6 минути. 

Линк од активноста

27 Август 2018

За авторот