Наслов

Првото „Ехо” пукна во Прилеп

Со одлична посетеност во киното Мис Стон во Прилеп тргна караванот на македонскиот планински филмски фестивал „ЕХО”. Очекувајте проекции и во другите градови..

Со четири часовна програма издвоена од овогодинашниот репертоар на фестивалот кој се одржа минатата година во ноември и пред полна сала гледачи беше отворен караванот на филмскиот фестивал Ехо кој ќе минува низ повеќе градови во Македонија.

На фестивалот беше проектирана селекција од неколку филмови меѓукои и победникот на фестивалот „Метаноја”, „Операција Мофат” како и македонските документарни филмови „Прва Македонска Трансверзала” на Горан Вукиќ и Кирил Шентевски и „Слобода на две тркала” во продукција на karas4training.com заедно со Велоевропа.

Во следниот период фестивалот ќе го продолжи караванот и во остантите градови низ Македонија, па бидете во тек со информацијата, можеби следното Ехо ќе пукне и во вашиот град...

19 Февруари 2016

За авторот