Прво место во Спортска класа на Зимската лига “Снежинка 2016/17”

Овој наптревар се оддржува во зимскиот период и го сочинуваат 6 трки почнувајќи од Октомври до Март на секој втор викенд (доколку времето дозволува). Се оддржува на приморскиот дел од Словенија поради поволните временски услови во текот на зимата.

Се започна во Октомври 2015-та кога за прв пат пристигнав во Словенија. Веднаш почнав да барам оргазизирани настани каде што ќе можам да ги запознаам домашните пилоти, не ми требаше многу време да ја најдам зимската лига, со специфична цел да им овозможи на младите пилоти да ги направат првите чекори во спортското летање и во исто време да ги држи во форма професионалците преку зимата.

По првите трки бев скоро последен на резултатите, навистина немав идеја како да остварам добар резултат, со други зборови знаев дека ништо не знам. Иако многу сакав да имам добар резултат реалноста беше дека немам шанса, па така си реков себеси дека оваа година ќе ја искористам да научам што е можно повеќе и догодина ќе пробам да победам. После една година оваа замисла беше усешно реализирана,

Прво место во Спортска Класа!

Оваа лига не е од високо ниво и оваа победа не значи дека сум многу добар пилот, туку мене ми е посебно драга дека е победа од “умисла” овој резултат беше цел во изминатите 365 дена па така е и на еден начин остварување на една година долг сон. Во исто време тоа ми дава самодоерба за многу поголеми победи во иднина.

Посебна благодарност до Параглајдинг Клубот Вертиго без кои ова немаше да биде возможно.

Резултати