Првите слепи качувачи на Килиманџаро

Светот се сеќава на првата група од слепи луѓе кои успеаа да се искачат на врвот Килиманџаро пред точно половина век.
Нивната приказна е и тоа како мотивирачка.

Поминаа точно педесет години откако, на 20 Февруари 1969 година, групата составена од седум слепи планинари стана првата која успеала да се искачи на кратерот на врвот Килиманџаро 5750 м.н.в во Танзанија. За да стигне до врвот на групата и биле потребни три и пол дена, а само за да ги искачат последните 914 метри им биле потребни девет часа притоа борејќи се со силни ветрови и температура сериозно под нулата.

Експедицијата била предводена и осмислена од страна на Џон Дубега и Џефри Салисбури од кралското здружение за слепи лица на Комоневелтот а се со цел да се подигне свеста кај обичните луѓе во источна Африка за можностите и способностите кои ги имаат слепите лица доколку се правилно тренирани и водени.

За потребите на мисијата биле собрани 700 фунти од донации преку Британското кралско здружение за слепи лица на Комонвелтот. Сите учесници пред да отпочнат со искачувањето биле обучени и тренирани да користат планинарска опрема и да се користат со основните техники на движење во планина.

Групата била составена од тројца качувачи од Уганда и по двајца од Кенија и Танзанија. Вест за нивниот успех бргу се раширила низ целиот континент и низ целата планета воопшто. Ќе останат запаметени како првите луѓе кои успеале да го надминат својот хендикеп и да постават поинакви стандарди за идните генерации кои со него живеат. Дел од опремата која тие ја користеле и нивните чизми денеска се изложени во националниот музеј на Уганда.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија