Наслов

„Првите Седум” на Бојан Петров

Оваа недела во Софија беше направена промоција на книгата „Првите седум” на бугарскиот високогорец Бојан Петров која наиде на одлична заинтересираност кон љубителите на планинските спортови. 

Како еден од најсериозните кандидати за исполнување на Хималајската круна - качување на сите 14 врвови над осум илјади метри, од Бугарија, а воедно и Балканот, високогорецот Бојан Петров ја промовираше неговата книга за првата половина од круната - насловена „Првите Седум”. 

„Се разбира дека во книгата се раскажува за моите први седум осумилјадарки, но и за уште 13 други врвови повисоки од 5000 метри. Ќе ве однесам на врвови на пет континенти, различни географии и обласи на земјата” - вели Петров во излагањето на промоцијата. 

Дополнително, во книгата се опфатени неговите физички подготовки и тренинзи, како и тестирањето на истите, изборот на опремата, животот во базните кампови, аклиматизацијата, качувањето со и без килород и многу други детали од овие специфични активности во природа.

Минатата година во јули, Бојан успеа да ја исакчи Нанга Парбат со што го искачи и неговиот 8ми врв повисок од 8000 м.н.в. меѓу К2, Канџенѕонга, Манаслу, Макалу, Анапурна, Гашербрум I и Броуд пик. Во неговата последна изјава тој кажа дека за 2017 година има во план да ги врзе Еверест, Чо Оју и Гашербрум 2 - секако доколку се погодат сите коцки потребни за искачување. 

Тој изјави дека смета дека во моментов нема доволно пишани дела на оваа тематика во Бугарија, па со ова издание тој би сакал да допринесе во збогатување на литературата за високогорското искачување. 

Книгата е издадена од издавачката куќа Вакон и чини 25 лева 

10 Февруари 2017

За авторот