Првата “Just do It” реклама на Најки

Компанијата го зема 80 годишниот Валт Стак, смпатично деде кој тогаш претставува икона на заедницата на тркачи во Сан Франциско а во рекламата ни ја открива тајната за тоа како не му се треселе забите кога трчал во зима. Бесценето парче на маркетиншка историја, а уште поинтересна приказна зад славниот слоган.

 

Рекламава е пуштена во етер далечната 1988 година како прва од серијалот на реклами под славниот слоган на американскиот гигант, Just Do It, кој беше формиран токму таа година, но инспириран многу порано.

11 години пред ова, во 1977 година, серискиот убиец Гери Гилмор е осуден на смртна казна (стрелање) поради две убиства кои ги има направено во Јута. Секунди пред истрелот, Гери тешко изговара, “Let`s do it”, зборови кои после 11 години ќе биде инспирација за славниот слоган на Најк.

Во 1988, маркетинг агенцијата Wieden+Kennedy е задолжена за формирање на слоган за Најк. Директорот на компанијата, Ден Ваиден ги склопува славните зборови со тоа што прави мала измена од реченицата на Гери и се добива посилна императивна форма која станува историја.

Еве и една од најновите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија