Најава за документарец на ЕХО / Трејлер

Прва, најголема и најтешка планинска трансверзала во Македонија

Ако приказната за планинарската трансверзала која ги има епитетите од насловот на оваа статија и која е доловена во еден документарен филм ви изгледа доволно примамливо, тогаш се гледаме овој четврток во кино Милениум!

 

Секоја чест до екипата на ЕХО фестивалот која оваа година ги резервираше главните термини за отварање и затварање на фестивалот токму за квалитетни македонски производи кои воедно се и најпримамливи за домашната публика.

Отварањето кое беше во кино Милениум, беше проследено со краткиот документарен филм „Слобода на две тркала” и истото помина со одлични критики од бројната публика, но затварањето кое ќе се случи во четврток во киното Милениум ќе биде закитено со уште еден важен документарен филм.

„Прва македонска трансверзала” ја разработува историјата на првата, најголемата и најтешка планинска трансверзала во Македонија, западната трансверзала која се протега од северниот дел на Шар Планина, преку Бистра и Стогово, се до Охрид.

Таа е востановена во 1974 година од планинарското друштво ЕЛЕМА а долги години е остварувана, најчесто во летниот период, а во тие екс-ЈУ времиња била и една од најпознатите.

Минатата година под иницијатива на ДПС Трансверзалец таа беше повторно изведена (бидејќи имаше неколкугодишна пауза за време на немирите) па во целата таа екипа беа и Горан Вукиќ и Кирил Шентевски кои ја документираа од прва рака. Па еве дојде ред, да го видиме и готовиот продукт кој не се сомневаме дека ќе биде перфектно исполнет / повеќе инфо ТУКА

Дел од нашиот тим (Игор Јовановски) ја доби и првата награда за неговата приказна ЉУБОХ која беше врз основа на истата таа трансверзала.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија