Прв до Врв – Одличен настан и прекрасен ден со тимот на Scout Outdoor Shop

Како би го опишале искуството од учеството на ПРВ до ВРВ 2016? Со еден збор – ФЕНОМЕНАЛНО! 🙂 Кога би го споиле натпреварувачкиот карактер и желбата за првото место, со желбата за забава и дружење на учесниците, тогаш ќе го добиеме настанот – ПРВ до ВРВ. 

Ние си поминавме супер, запознавме многу позитивни и насмеани учесници, но и некои кои беа по малку и разочарани од своите постигнати времиња. Дечки и девојки главата горе, гледајќи Ве како пристигнувате на крајната линија, ЗА НАС, СИТЕ ВИЕ БЕВТЕ ПОБЕДНИЦИ! 🙂

Тимот на Scout Outdoor Shop, учествуваше на настанот Прв до Врв во повеќе дисциплини, како планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, како и со штанд на врвот каде учесниците можеа да поразговараат со нашите вработени, да се информираат за новите технологии и производи од светски познатите брендови кои ги застапуваме. 

Голема благодарност за учество и претставување на тимот на Scout Outdoor Shop до Јован Тикваровски, Виктор Алаџаков, Борјан Петровски, Владимир Ивановски, Слободан Бобо Стаматовски, Дејан Тимковски и Марин Николов. Дечки се надеваме дека и во иднина ќе не претставувате на вакви прекрасни Аутдор настани.

Scout Outdoor Shop организираше и натпревар во фрлање на пикадо, каде за најуспешните доделувавме технички маици со нашето лого. Честитки за најпрецизните и најстабилните раце. 🙂

 

Голема благодарност и до организаторите, момци одлично завршена работа, продолжете така. 🙂

Scout Outdoor Shop ќе биде секогаш и секаде со Вас! 🙂