Прв до врв како дел од кампањата Мај, месец на велосипедисти

Вчера, како дел од кампањата Мај, месец на велосипедисти, по трет пат се одржа традиционалната трка ПРВ ДО ВРВ, на падините на Водно.

Настанот е во организација на здружението за спорт и рекреација “Прв до врв”, Градот Скопје, Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата, ЈСП и други партнерски организации.

На настанот зедоа учество над 2000 учесници, велосипедисти и планинари, кои се натпреваруваа во повеќе категории: машки и женски, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и пешачење.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги поздрави учесниците и ја нагласи својата целосна поддршка на настанот, и сега и во иднина.

Претседателот на РСБСП, м-р Стојче Стаменковски зборуваше за важноста на велосипедизмот како облик на сообраќај, и ги повика сите учесници во трката да го користат велосипедот и како превозно средство, а не само за рекреација. Во своето обраќање, господинот Стаменковски зборуваше за важноста на почитувањето на велосипедистите во сообраќајот од страна на возачите на моторни возило, но и за одговорноста на велосипедистите за познавање и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Автор

RSBSP

Скопје

Македонија