Промоција на аутдор е-магазинот „Шум”

Вчера на 07.06.2017 година во просториите на ГЕМ – Менада се одржа кратка промоција на е-магазинот Шум чие прво издание треба да искочи некаде на крајот од септември. 

„Шум – Shum” ќе претставува првиот е-магазин во Македонија кој ќе обработува тематики од аутдор заедницата поврзани со спорт и рекреација во природа, планинарење, велосипедизам, алпинизам и качување и сите останати спортови и активности кои се изведуваат на отворено. 

Идејата е зачната помеѓу Горан Николоски и Петар Герасимов – планинарски водачи при ФПСМ од планинарското друштво ПСД Макпетрол и Елена Џекова – наш графички дизајнер која активно работи на повеќе слични светски е-магазини. Мотивот за формирање на еден ваков медиум е секако, никогаш доволната потреба за дополнителна едукација, мотивација и инспирација на луѓето за спортовите во природа. 

Името на магазинот може да се толкува на албански и македонски јазик – кириличната верзија на македонски означува Шум – одредени звуци (во природата), а латиничната Shum означува – повеќе/многу. Магазинот ќе се публикува квартално, а првото издание треба да искочи некаде на крајот од овој септември. 

Авторите назначија дека секој кој е заинтересиран и е во можност да се вклучи и да го даде својот допринес од областа на некој од овие спортови за едукативни цели на нашата популација, би можел да се вклучи како соработник. 

Вебсајтот кој ќе ве води до магазинот го имаме линкувано тук

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија