Наслов

The Program / трејлер - Армстронг повторно во фокус

Во режија на Стефан Фрерс и базиран според книгата „Седумте смртни гревови” на новинарот Дејвид Волш доаѓа првиот трејлер за новиот филм кој ја разработува екстремно контроверзната приказна на Ленс Армстронг. 

Од човек излечен од рак, до повторно враќање на професионалната велосипедска сцена и седумте последователни Тур де Франс титули кои најпосле ќе му бидат одземени поради мега-допинг скандал, филмот го разработува најсилниот, но и најбурниот период од човекот кој направи невидена збрка во професионалниот велосипедизам. 

Ова е само трејлер, а додека го чекаме филмот, убаво е да се погледнат двата веќе искочени документарци на оваа тема - Тhe Armstrong Lie на Алекс Гибни и Stop at Nothing: The Lance Armstrong Story на Алекс Холмс. 

12 Јуни 2015

За авторот