Наслов

Проект „Под-2часа маратон“

Еден професор по спортска медицина и наука, еден тренер, еден нутриционист и двајца искусни атлетичари оформија проект кој до 2019 година треба да ги „скине“ тие останати 2 минути и 57 секунди од сегашниот маратонски рекорд на Денис Кимето и да постават нови граници во маратонското трчање. Еве го нивниот пристап.

Проектот наречен Sub2hr (Под 2 часа) беше лансиран на 17 декември оваа година, а целта е да се избере атлетичар и да се доведе до потребното ниво тој да ја сруши бариерата од 2 часа за еден маратон. 

Лидер на проектот е професорот Јанис Питсиладис кој работи во доменот на спортска медицина и наука на универзитетот во Бригтон. Тој се има одредено на студирање на тренинг методите на повеќе тркачи од источна Африка и верува дека единствената причина која што лежи во неуспехот да се урне оваа бариера е поради тоа што најпрофесионалните и најталентираните атлетичари во денешницата не биле водени по коректните тренинг методи кои тие ги заслужуваат. 

Во пакет со професорот, амбасадор на самиот проект е и Хаиле Гебресиласие, икона на маратонското трчање и човекот кој го држеше рекордот од 2007 до 2011 година. Заедно со него е и Холанѓанецот Јос Херменс, за тренингот е задолжен професорот Енди Џонс од Велика Британија, а за исхраната Рон Муган исто така од Велика Британија. 

Професорот Питсиладис изјавува дека науката на полето на спортот многупати се има изоставено во потрагата по поставувањето на нови рекорди и дека тренерите ги тренираат нивните атлети исто како што тие некогаш биле тренирани т.е. дека се` помалку се земаат релевантните податоци од научните испитувања. 

Голем број на мислења и дискусии се имаат водено токму за оваа тематика и голем број на луѓе од полето на атлетиката се скептици во врска со рушењето на оваа бариера. 

24 Декември 2014

За авторот