Продолжува обидот за прво зимско искачување на Еверест без О2

Баскискиот планинар Алекс Чикон и оваа година цели кон една од најтешките задачи во Хималаите – искачување на Еверест во зимски услови без користење на суплементарен кислород. 

За Алекс Чикон со неговите 12 искачени врвови повисоки од 8000 метри, не треба големо претставување. Од 2011 година тој се концентрира на чисто зимски искачувања на нови рути и во алпски стил, а во последните години негова ултимативна цел е eдно од највисоките и тешки достигнувања – зимското искачување на Еверест (целосно во календарска зима) без користење на суплементарен кислород. 

Историјата на овој тип на искачувања е испреплетена со одредена доза на контроверзи од неколку причини. Непалската влада дава дозволи за зимски искачувања уште на 1 декември што не е во календарска зима, а во најголем број од досегашните искачување (што мора да се напомене дека се многу на број), експедициите честопати немаат запазувано за календарскиот старт на експедицијата.

Како што наведува Брајан Хал во зимата 1984 година: 

„Зимската сезона (на Еверест) започнува на 1 декември и трае до 31 јануари, иако календарски зимата започнува на 21 декември, дата после која најголемиот број на експедции се веќе на врвот. Дополнително, непалската влада дозволува стигнување до Базниот Камп, па дури и до Камп I и пред 1 декември, па поради овие нерегуларности зимските искачувања не се толку атрактивни.”

Од сите 29 зимски (и делумно зимски) експедиции на Еверест, само една експедиција со двајца планинари – Кшиштов Вијелицки и Лежек Сиши од полската експедција во 1980 година под водство на Анджеј Завада започнува и завршува во календарска зима. Останатите сите започнуваат во рана или доцна есен, а некои од нив комплетираат во календарска зима. Меѓу тие, Анг Шерпа е единствен кој досега стапнува на Еверест во зима без О2, но во експедиција водена во календарска есен. 

Главен партнер во искачувањето на Чикон оваа година ќе биде Пакистанецот Мухамад Али Садпара, а експедицијата има уште 9 души. Минатата година тимот на баскискиот планинар имаше прв и неуспешен обид за врвот, стигнувајќи само до 7950 метри каде поради многу ниски температури мораа да се откажат од идејата. 

Овој период, тимот е веќе во базниот камп, а веќе овој месец се очекува да напредуваат. На другата страна, во Каракорам, Полјаците организираатзимско искачување на единствениот досега неискачен врв повисок од 8000 метри во зимски услови – К2. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија