Проблемот е кога сметаш дека не си дебел

Прекумерната тежина зазема сè поголем замав на глобално ниво, а најстрашната работа со оваа проблематика е тоа што луѓето веќе почнуваат дебелината да ја гледаат како сосема нормална појава.

Кога мноштвото од популацијата околу тебе е со прекумерна тежина, човекот многу лесно добива друга искривена перцепција и сфаќање за тоа што е во границите на нормалата, а што надвор од ова. Оваа промена на гледиштата особено е во пораст во Америка, најмногу меѓу популацијата која е статистички најдебела. 

Во Медицинскиот факултет Раш беше направена многу мала студија која што ги покажа овие промени меѓу статистички најдебелата популација во САД, афро-американските жени кои доаѓаат од релативно посиромашни средини. 

На 69 жени со прекумерна дебелина кои доминантно доаѓаат од сиромашните предградија на Чикаго им беше покажана погорната табела (скала) на која што скицирано се прикажани различни дебелини на човечко тело. Групата требаше да одреди кои силуети припаѓаат во скалата на прекумерна тежина и обезитет. 

Жените имале едногласен став во врска со ова прашање, но проблемот лежи во тоа што тие како „премногу дебели“ ги перцепирале единствено двата последни цртежи т.е. ги гледаат единствено екстремните случаеви како нешто што е надвор од нормалата и е закана за човековото здравје. 

Во врска со идентификување на сопствената категорија пак, 40-50 посто од нив се ставиле во погрешна категорија. 

Па, да видиме кои силуети се со нормална дебелина на цртежот? Број 2,3 и 4. Број 1 има БМИ од 16 и затоа спаѓа во групата на потхранети. Сè што е над 4 спаѓа во тежина поголема од нормалното. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија