Физичка подготовка и рехабилитација на спортисти

Примена на хипербарична оксигенација како физичка подготовка

Хипербаричната оксигенација применета непосредно пред или после интензивен физички напор ги подобрува физичките перформанси и влијае на зголемување на работната способност на спортистот, како и намалување на интензитетот на спортските повреди.

Дишењето на 100% медицински кислород под притисок го зголемува интензитетот на аеробната физичка работа преку зголемување на максималната потрошувачка на кислород, подобро поднесување на анаеробното оптоварување како и намалена продукција и забрзана елиминација на лактатите.

Зголемениот парцијален притисок на кислород во ткивата покренува позитивни метаболички механизми на клеточно ниво, а посебно на ниво на мускулна клетка која се манифестира низ следниве механизми:

  • ја активира биосинтезата на системските и ткивните хормони;
  • ја зголемува продукцијата на антиоксидативните ензими;
  • ги активира регенеративните биосинтетски процеси (ја зголемува синтезата на РНК и ДНК);
  • ја зголемува концентрацијата на миоглобин и гликоген во мускилната клетка;
  • ги надополнува енергетските депоа на мускулната клетка, што е од посебна важност за врвните спортисти;

Со континуирана употреба на хипербарична оксигенација во мали серии непосредно пред, како и за време на натпревари, се зголемува вкупната издржливост на спортистот, се намалуваат повредите на играчите и на безбеден начин, без употреба на хемиски супстанции се постигнуваат врвни спортски резултати без страв од допинг тестирања.

Со третирање во комората по физичко оптоварување се постигнува:

  • забрзување на метаболизмот;
  • забрзано лачење на млечна киселина;
  • скратување на периодот на опоравување;
  • простор за зголемен број и интензитет на тренинзи;
  • зголемена ефикасност при репетирани физички напори, како на пример при натпревари;

Примена на хипербарична оксигенација во третирање на спортски повреди.

Примената на хипербарична оксигенација во третманот на спортски повреди е неопходен метод со кој се постигнува побрзо и поцелосно закрепнување и заздравување. Овој третман може да се применува и во акутната фаза на повредата, но значајни резултати се постигнуваат и кај хроничните повреди.

При настанување на повредата, со употреба на овие третмани се намалува отокот (антиедематозен ефект), болката (аналгетски ефект), а се подобрува и циркулацијата во повредениот екстремитет, со што се спречува натамошно оштетување на ткивото. Доколку спортистот се јави во поодмината фаза од настанување на повредата, овие третмани имаат улога за намалување на воспалението што се развива во повреденото ткиво, како и за значајно намалување на зоната на оштетеното ткиво – ефект што се постигнува со зголемување на концентрацијата на кислород.

Ефектите од 100% хипербаричен кислород по спортска повреда се:

  • Обезбедува нормално снабдување на повреденото ткиво со кислород, а притоа го спречува дефинитивното изумирање на оштетената мускулна маса;
  • има изразито антиинфламаторно дејство;
  • антиедематозно дејство;
  • елиминација на штетните продукти на ткивото;
  • скратено време на рехабилитација;

Поради сите овие предности, големите и амбициозни спортски клубови имаат свои хипербарични комори во кои ги припремаат и третираат спортистите.