Прилепчани феноменални на Трансилванија Ултра

Мери Мирческа и Александар Стојкоски изминатиов викенд беа македонските претставници кои учествуваа на ултра-маратонската трка Трансилванија Ултра во околината на селото Бран, Романија. Трето место во женска и десетто во машка се само потврда за одличниот настап на нашите натпреварувачи. 

Transylvania 100 e една од поголемите и потешките планински ултра-маратонски трки во Романија која има стекнато големо внимание поради регионот во кој се одржува – областа на легендарниот гроф Дракула. На репертоарот натпреварувачите имаат да бираат помеѓу три трки – 30, 50 и 100 километри со различни висински разлики. 

На овогодинашното издание, Мери Мирческа и Александар Стојковски од Прилеп учествуваа на 50-километарската трка која има 3500 метри висинско качување и спуштање, а двајцата успеаја да завршат со одлични резултати. Мери заврши на третото место во женска конкуренција со време од 9:09, а Александар на 10тото со време од 8 часа. 

Трката помина во интересни услови со минување на повеќе снежни сегменти во повисоките делови од планината. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија