Приказната за дигачот на тегови со нежно срце

Како потсетник за денешниот ден кој е посветен и на лицата со Даунов синдром, ви ја прикажуваме инспирационата приказна човекот кој што има талент за неизмерна добрина и сериозно дигање на тегови, Џонатан Стоклоса.

Благодарение на неговите родители и опкружување, Џонатан и покрај тоа што има Даунов синдром тој е израснат во подеднакво истите околности како и останатите деца, не одземајќи му ништо повеќе од она најважното што не прави целосни личности со топла душа и голема пасија. 

Под големо влијание на татко му, тој денеска е меѓу малкуте сериозни дигачи на тегови кои го имаат овој синдром, а оваа работа, која дефинитивно му претставува задоволство, ја има изделкано до професионално ниво.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија