Пријави се на КМТ, појави се во природа

Отворена покана до сите авантуристи и љубители на природата за учество на еден од најуникатните традиционални спортски настани во Македонија – Крали Марко Треилс 2016. Забрзајте го темпото и пријавете се до крајот нa рокот овој август…

Крали Марко Треилс претставува меѓународен настан во планинско трчање кој оваа година ќе се одржи по шести пат во околината на Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна. Настанот кој е закажан за 24 и 25.09.2016 се состои од три трки во планинско трчање и планинарење со различни должини (16, 31 и 90км) и една детска трка (1 километар) погодни за секој што е заинтересиран за истражување на прекрасниот мистичен терен на некогашното прилепско царство.

Трката Крали Марко Ултра Треил, пак, со нејзините 90 километри ќе биде и првата од ваков тип во Македонија со што настанот станува уште поинтересен и специфичен. Дополнителните активности и поволности како ваучерот за 50% попуст на тандем летови од Тресквец заедно со „Скајрајдерс” од Прилеп и бесплатниот превоз за ограничен број на пријавени само ја зголемува возбудата за КМТ2016.

Пријавите се отворени до 31.08.2016, а сите информации ќе ги добиете на www.kmt.mk или на [email protected]

Посетете не и на нашата ФБ страна и настан.

КМТ е во организација на здружението за планинско трчање TREX, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.