Наслов

Преку Атлантикот во „буре”

Збор-два за авантуристичкиот подвиг на 72-годишниот француски морепловец Жан Жак Савин кој го премина Атлантскиот Океан во импровизиран пловен објект во форма на буре.

Жан Жак Савин е името на човекот кој го премина Атлантскиот Океан во импровизиран пловен објект во форма на буре. „Бурето" е изработено лично од него и е со должина од три метри и ширина од два метри. За да го преплови или премине Атлантикот на овој авантурист му биле потребни 122 дена односно четири месеци, иако првичната идеја била патувањето да трае само три месеци.

Савин за своето патување вели дека неговата поента била тој да биде гостин на океанот а не капетан на својот брод. Со други зборови неговиот "брод" нема погон односно се движел како што го носеле струите на океанот, брановите и ветерот.

Минималистичкиот концепт на францускиот авантурист се гледа и по тоа што во тие четири месеци поминати на океанот тој јадел риба која сам ќе ја улови и користел суво овошје и замрзнат зеленчук кој се наоѓале во неговото "буре" кое поседува мала кујна, кревет и место за складирање.

На патот долг речиси 5000 километри (од Канарските острови во Африка до Карибските острови во Америка) тој деновите ги минувал во пливање, ловење риба, пишување книга и во бескрајно уживање во водениот свет на океанот.

Патувањето на Савин е делумно инспирирано од францускиот доктор Алан Бомбард кој беше познат по сличните патувања на отворено море. Во 1965 година Бомбард успеа да го мине Атлантикот на неговиот мал гумен чамец со скоро воопшто птика вода и намирници, преживувајќи на риба и планктон кои сам ги ловел. Како една од причините за оваа авантура на Бомбард, покрај потрагата по авантура, била и желбата да се тестира неговата теорија дека слично самоодржливо патување низ океани без никаква храна и вода е возможно.  

13 Мај 2019

За авторот