Прекината 3-годишната победничка низа на Златаров, Миланов втор во Србија

Овој викенд се одржа отворено државно првенство во кајак на диви води слалом, кое се одржа во Ушче, Краљево во Србија.

Покрај домаќините земаа учество и двајца македонски репрезентативци Златаров и Миланов а имаше и учесници од Босна и Херцеговина.

Двајцата се натпреваруваа во јуниорска конкуренција каде што Миланов успеа да дојде до среброто додека Златаров неочекувано потфрли и заврши како 5-то пласиран.

Златаров и Миланов изминатиот месец, на 25 и 26 јули во Солкан, Словенија учествува на Европскиот Куп, каде ги постигнаа нивните најуспешни резултати на овој највисок ранг на натрепварување. Златаров во конкуренција до 18 години заврши на 19-то место од 39 натпреварувачи а додека Миланов во конкуренција до 16 години заврши на 22-то место од 41 натпреварувач.

Тие на крајот од овој месец ќе заминат за Краков, Полска каде ќе се одржи Европско Првенство, додека Љубомир Спасиќ овој викенд ќе учествува на Светскиот куп во Пау, Франција.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија