ULTRA TRAIL DU MONT-BLANC 2014

Наслов

Поздрав од Шамони

Од македонските претставници на најтешката ултрамаратонска трка..



Ultra trail du Mont-Blanc е наречена трка над трките, комплетна тура од 168км околу Монт Блан масивот и 9600м денивелација минува низ три држави: Франција, Швајцарија и Италија.

Масивот на Монт Блан од 25 до 31 август е посипан од ултрамаратонци ширум светот. На вкупно пет трки има околу 6-7000 тркачи во Шамони секој придружуван од фамилијата и пријателите.

Жикица,Светле и Јовица со познатиот Sebastien Chaigneau

На оваа најпозната планинска трка која се одржува по 12ти пат учество земаат 2300 ултрамаратонци меѓу кои и нашите Светлана Стојановска, Жикица Ивановски и Јовица Јованчев.

Стартот е во петок, 29ти август во 17:30h во Шамони. Нatпреварувачите можат да се следат во живо на http://www.ultratrailmb.com/ и преку facebook. Им посакуваме убаво време и силни нозе .

 

 

 

 

 

27 Август 2014

За авторот

Skopje