Случајната средба со Балтазар

Поздрав од Македонија и среќен пат до Бурма

Следејќи ја старата „Подобро некогаш отколку никогаш” решив да напишам нешто за Џек Балтазар и неговото другарче што не го запознав, кои имаат тргнато од Лондон за Бурма, со точаци нормално, а се најдовме стршно случајно на премиерата на „Слобода на две тркала” во кино Милениум, Скопје.

Салана крца, а јас гризам нокти, па нешто проекторот се рестартирал што ти ја знам, ама бидна. Се пушти филмот, траеше колку што траеше и еве тука ќе кажам, стварно бев задоволен од реакциите на публиката, впрочем, тоа и го целевме, да насмееме, инспирираме и мотивираме…

И на излегување во сета таа гужва налетувам на Зарапчиев како разговара со еден тип, абе копија Балтазар, со жолта брада, пие некои напивки налик пиво. И Зарапчиев ни две ни три, хир”с мај френд, хи воркс он веб-сајт фор спорт едн адвенџр, кујзнае што кажа, и ме запозна со Џек (мислам дека не се вика така правилно, ама нејсе.)

Муабет неколку реда, и они, заедно со уште еден тип да ти тргнале од Лондон преку Балканов и цел исток до Бурма, со точаци повторувам (нормално) откаде тој имал некои претци. И случајно се нашле после 1-2 месеци во Скопје, и немам поим како дошле до проекцијата на „Слобода на две тркала”. Типциве решиле да потрошат уште еден ден во Скопје за да го фатат филмот затоа што е од нивни авантуристички дух и така. 

Па се договоривме после тоа да се видиме наредниот ден за некој разговор троа, за некоја изјава, ама пивата како пива си се заебана форма на скриен алкохол што те онеспособува баш кога најмногу треба да си способен. Па успеавме да не се видиме, ама они ми пратија некои линкови и една слика. 

Па еве, момци среќе ви пат, не знам дали ова ќе го разберете ова преку гугл транслејт, ама тоа е! 

Џек и другарот му ќе ги најдете на Burma or Bust (на ФБ) и ТУКА (на блог), а моментално колку што дознав се некаде во Турција и чекаат да видат што ќе се деси со рускиов авион што го срушија за да поминат граница.