Позади решетки, буквално

Бидејќи велосипедот е еден од честите љубимци на нашите читатели, а истите редовно се крадат како алва, ја пренесуваме приказната за Американецот што си заработи дебела казна за ваков прекршок (читај прекршоци). 

Џон Самсон од Боулдер, Колорадо заработи 10 години затворска казна за сериска кражба на повеќе од 45 велосипеди со сериозна вредност. Тој беше уапсен од локалната полиција на 20 март 2014 и беше осуден за кражба на повеќе велосипеди кои имаат вкупна сума од околу 150,000 долари. 

Најголемиот дел од кражбите се случувале сред бел ден во центарот на градот, жртвите биле локални резиденти, а велосипедите најчесто биле заклучени. Ниеден од нив не е пронајден. 

Од локалните власти велат дека ова е „светла точка“ кога станува збор за кражбите на велосипеди бидејќи мрежата на кражби е толку добро развиена што ретко кој е уапсен и обвинет, а велосипедите скоро никогаш не се вратени на сопствениците. 

Иако сме далеку од Колорадо и Америка, Македонија не е далеку од истата ситуација кога во прашање се овие кражби кои најчесто таргетираат скапи спортски велосипеди, но и секакви останати. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија