Повторно трагедија на Еверест

Втора година за ред, Непал и Монт Еверест се пред голема катастрофа која однесе многу човечки живот. 

Откако минатата 2014 година несреќно заврши за 16-мина алпинисти кои го загубија животот во лавина на глечерот Кумбу која страшно негативно се одрази врз репутацијата на највисокиот врв на светот, оваа пролет т.е. овој викенд се случи нешто пострашно.

Земјотрес со магнитуда од 7,8 по Рихтер чиј епицентар беше близу Катманду го погоди Непал и предизвика сериозни последици за целата држава и населението. Засега изворите велат дека повеќе од 3,320 луѓе се загинати, а 6500 се повредени. 

Иако епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од близу 300 километри од највисокиот врв на светот, ударот предизвикал бројни лавини по околните планини и го загрозил големиот број на качувачи кои токму во овој период се наоѓаат по разните кампови на планината во обид за искачување.

На самиот Еверест поради лавина потврдена е смртта на 18 луѓе, околу 80 се повредени, а многумина се се уште заглавени во некој од камповите и чекаат спасителна акција. Ситуацијата во базниот камп е на лошо ниво, а останатите погорни кампови се целосно отсечени. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија