Да носиш шлем - добра идеја

Повеќе кациги – помалку повреди

10-годишна статистика од скијачките центри во САД вели дека носењето на шлем како дел од заштитната опрема кај скијачите и боредерите е во постојан пораст, а бројот на повреди на главата во постојан пад. Паметна одлука – очекувана статистика. 

Според податоците објавени во Националната Скијачка Асоцијација на САД употребата на кацигите како дел од заштитната опрема во скијачките центри ширум Америка е во константен пораст од 2003 па наваму. 

Додека во тие години (2002-2003) само 25 проценти од скијачите го прифаќале и го носеле ова парче заштитна опрема, во текот на годините овие бројки се имаат драматично променето за според денешната статистика дури 80 проценти од учесниците во овој спорт да ги носат. 

Во Швајцарија статистиката вели дека овој процент е 90.

Скијачката индустрија во соработка со ски центрите имаат огромен удел во овој позитивен тренд бидејќи кацигата како дел од заштитната опрема може да намали голем процент на повредите. Конкретно, според нивно испитување 30-50 проценти се намалуваат шансите за повреда на главата доколку шлемот се користи т.е. постави и носи правилно. 

Иако во претходните години на интернет искочи една контрадикторна студија која вели дека овој позитивен тренд на користење на скијачки кациги не е во корелација со намалување на повредите (туку дека тоа е сосема спротивно), од агенцијата велат дека според нивните бројки ова е токму така.

Дали е или не е, нас искрено не не засега толку, затоа што мислиме и сметаме дека ова е правилно и ги поттикнуваме луѓето да носат кацига како дел од нивната скијачка култура бидеќи СЕ РАБОТИ ЗА ГЛАВАТА, НЕ ЗА ШЛЕМОТ

Башка што гарантирано подобро ве топли од капа…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија