ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ МОК И ПАРК ХОТЕЛ & СПА

Денес, претседателот на Македонскиот олимписки комитет д-р Васил Тупурковски и еден од сопствениците на ПАРК Хотел & Спа, г-дин Алтин Малиќи, потпишаа четири годишен договор за партнерство со кој ПАРК Хотел & Спа ќе ги пружи своите услуги на MOK во периодот 2017-2020 година.

ПАРК ХОТЕЛ & СПА (www.parkhotel.mk) во комуникација и координација со МОК, ќе им ги пружи на македонските спортисти своите високо квалитетни услуги во насока на подобри подготовки и постигнување на врвни спортски резултати. Во рамките на фитнес центарот кој располага со најнова опрема од Tehnogym програмата, покрај подобрување на физичката подготовка, врвните спортисти, ќе имаат прилика да ги користат и  другите услужни капацитети на хотелот.