Наслов

Потенцијалните спуст патеки на Попова Шапка - Јелак

Патеките ЈЕЛАК 1, ЈЕЛАК 2 и ЈЕЛАК 3, се од рангот на неколкуте DH патеки за спуст, како Штрајф во Кицбил, Австрија и Лаубернхорн во Венген, Швајцарија и уште неколку други, кои можат да се избројат на прстите од една или најмногу две раце.

Шарпланинскиот масив е голем скијачки потенцијал, а Попова Шапка - Јелак по физичките и други параметри како што се погодни валовити тревни падини, извонредни панорами, богати со снег од ноември до април е најдобриот ски центар, според студиите на AKAU Geneve 1968 „СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ И ПРОБЛЕМИТЕ НА ЗИМСКИОТ ТУРИЗАМ ВО ЈУГОСЛАВИЈА" по нарачка на OECD, и Студијата „РАЗВОЈ НА СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА ЈЕЛАК", AKAU 1974, финансирана од Општина Тетово.

Не случајно првиот меѓународен скијачки натпревар на Балканот, ШАРПЛАНИНСКИОТ СМУК 1947, е определено да биде на Попова Шапка, ски центар со најдобри патеки. Од 1947 до 1956, ШАРПЛАНИНСКИОТ СМУК се возел на патеката ЦЕРИПАШИНА, со старт на врвот Церипашина на 2525 мнв во неколку варијанти, лево и десно од Баубинова стена, и понатаму кон целта на истекот на Попова Шапка на 1700 до 1710 мнв, некогаш преку патеката за Слалом Мал Јелак, или долот помеѓу Скокалницата и Мал јелак, а некогаш преку долот помеѓу Мал Јелак и падините на патеките за Велеслалом и Слалом, ОРЛОВА И ЕЗЕРИНО.

Висинската разлика на патеката ЦЕРИПАШИНА е од 815 до 825 м, зависно од варијантата и должина преку 3000 м.

Патеките ЈЕЛАК 1, ЈЕЛАК 2 и ЈЕЛАК 3, се од рангот на неколкуте DH патеки за Спуст, како Штрајф во Кицбил, Австрија и Лаубернхорн во Венген, Швајцарија и уште неколку други, кои можат да се избројат на прстите од една или најповеќе две раце.

Жарко Трпкоски, Ски клуб Љуботен, Тетово, МКД

09 Април 2015

За авторот