Поставен нов рекорд на најдолгата планинска трансверзала во Бугарија – Ком – Емине

Изминатата недела заврши неколкудневната авантура на ултрамаратонецот Божидар Антонов кој беше во обид за поставување на нов рекорд на најдолгата планинарска трансверзала во Бугарија која се протега од врвот Ком на Стара Планина, до ‘ртот Емине на Црното Море.  

Иако времето за кое Божидар ја измина маршутата се уште не е достапно во јавност, према кажувањата на Божидар и неговиот табор, претходниот рекорд е подобрен за значително време.

„Ќе биде објавено по 10 дена на специјалниот настан… Жалам, што не можам да ви дадам информација сега… Рекордот е значително подобрен” – се вели во одговорот на нашето прашање за подетални информации.

Како најава, на интернет беше објавен и тизер за видеото во кое ќе се открие новиот рекорд.

Досегашниот рекорд го држеше познатиот тркач и ориентирец Кирил Николов Дизела кој успеа во 2015 година да ја истрча трасата за 4 дена и 13 часа, само неколку месеци по тогашниот рекорд на Божидар Антонов од 5 дена и 10 часа. Во минатото, Љубомир Палакарчев уште во 1987 година го постави најдоброто време на поминување од 5 дена и 14 часа, рекорд кој стоеше се до 2015 година.

Трансверзалата е долга 600 километри со приближно 14000 метри денивелација.со приближно 14000 метри денивелација време на минување пеш е околу 20 дена.

Повеќе за трансверзалата може да читате тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија