Последен рок за пријавување на Скопски Маратон

Известување за сите заинтересирани во врска со привршување на рокот за пријавување на учесници на Скопскиот маратон 2014 година. 

Последен рок за пријавување во категориите маратон и полумаратон на овогодинашниот Скопски Маратон е 23 април 2014, додека за трката на 5000 метри тоа ќе биде на 30 април 2014 година. 

Стартните пакети ќе може да се подиганат на 8 и 9 мај, во периодот од 10.00 до 19.00 часот, а на 10 мај од 10.00 до 17.00 часот. Котизацијата имате можност да ја платите (најдоцна 72 часа од пријавувањето) преку интернет или преку уплатница. Местото на подигање на стартните пакети ќе биде дополнително објавено.

На денот на трката (11 мај 2014) нема да можете да си го подигнете стартниот пакет.

Котизација:
– за маратонската трка > 500 денари
– за полумаратонската трка > 500 денари
– за трката на 5000 метри > 250 денари

Содржина на стартен пакет: маица со логото на трката, стартен број со чип, програма за трката и освежување.