Последен ден за пријавување на Струмина Треил

Денес е последен ден за да се пријавите за учество на овогодинешното издание на трката во планинско трчање Струмина Треил 2015…

Околу стотина натпреварувачи веќе го резервираа 15 ноември за овогодинешнотпо издание на Струмина Треил. Патеката која ќе се трча викендов е со должина од 19км со 630м +Д.

Има окрепен пункт во селото Липов Дол на 9тиот километар, а попатно се минува покрај неколку чешми и тоа Струмина на 2.8км, Љупчова на 7.1км и Куртбунар на 17.5км, сето тоа дополнето со интересни и убави патеки низ штипските ридови.

За првите тројца следуваат медали, а за првите тројца по возрасни категории следуваат дипломи. Останатите ќе добијат диплома во електронска верзија. Денес е последен рок за пријавување, а сумата е симболична. Пријавувањето е на следниот ЛИНК.

Погледнете како си поминавме лани: ОДРЖАНА ПРВАТА ТРЕИЛ ТРКА ВО ШТИП

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија