Замрзни и испрати за Мразембер

После Мовембер следи Мразембер

Брада: неопходно парче спортска опрема задолжено за заштита на машкото лице од секакви надворешни дејствија кое особено практична примена наоѓа после месецот Мовембар, кога малиот брк полни 18 и прераснува во возрасна БРАДА. Во овој период брадата станува акумулатор на студот при скијање, бордање, качување планини и секакви зимски аутдор активности кој инаку би завршил на гола кожа, а никој од нас тоа не го сака. 

Фоткиве се најдени на нет и тешко дека некоја од овие бради припаѓа на некој Балканец или уште поконкретно Македонец. Фино изгледаат, и се секогаш добар репер за одлично и здраво поминат ден во снежни и арктички средини.

Затоа ние, пуштаме апел до сите подраснати Мовембери, и оние кои веќе си го тераат „брада“ филмот, а се активни на планина бар во некој дел од зимата, да ни ги испратат самокадросаните фотки од нивните замрзнати бради од оваа зима на [email protected]

Па здравје, кога кокичињата ќе пуштат абер, праиме галерија на македонски Мразембер, па вклучете се, раснете брадичка и мрзнете по планини. Здраво е!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија