Конечно пристигна поддршка во борбата против лошите навики - комерцијален текст

Polleo Sport конечно во Македонија

Наскоро љубителите на здравиот и спортски начин на живот ќе можат на едно место да најдат сè што им е потребно во продавницата која во центарот на Скопје ќе ја отвори регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport.

Компанијата Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана. По Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина, водечкиот мултибренд продажен центар во овој дел на Европа одлучи да ја стави на својата мапа и Македонија.

„Нашата мисија е константно да ги поместуваме границите во борбата против лошите навики. Да ги едуцираме луѓето за тоа колку е важна здравата исхрана и физичката активност за водење на квалитетен живот без болести, прекумерна телесна тежина и комплекси. Токму затоа во нашите продавници работат исклучиво луѓе кои се едуцирани да даваат совети за поактивен живот, поздрава исхрана и поефективно остварување на спортските и личните цели. Со нетрпение го очекуваме почетокот на дружењето во Македонија со сите оние чија цел е водење на поквалитетен живот.“ – велат од Polleo Sport.

Во богатата понуда на овој продажен центар ќе се најде широка палета на суплементи, био и здрава храна, витамини, минерали, фитнес опрема, облека, обувки и сè што е потребно за вежбање и здрав начин на живот. На полиците во Polleo Sport ќе се најдат голем број на премиум брендови како што се Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Bad Girl, Zoe Leggings, и многу други.

Од 2013 година Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

За сите промоции и информации посетете го http://partizanska.polleosport.mk/ или http://polleosport.mk/ 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија