УТРЕ НАЈБРЗИТЕ ЌЕ БИДАТ НАЈСРЕЌНИ - Комерцијален текст

Наслов

POLLEO SPORT ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПРВИТЕ КУПУВАЧИ ВО НОВАТА ПРОДАВНИЦА

Мултибренд продажниот центар за спортска опрема и здрава исхрана Polleo Sport утре ја отвора втората продавница во Македонија.

Сите кои ќе ја посетат новата продавница утре ќе можат да купуваат производи по намалени цени, а оние кои ќе бидат најбрзи ќе бидат посебно наградени. Првите 15 купувачи ќе добијат картички од Лав Клубот за лојалност, кои ќе им обезбедат 15% попуст на сите производи во продавниците на Polleo Sport. Следните 100 купувачи ќе добијат Лав Клуб картички за попуст од 10%. 

Купувачите исто така ќе можат да се дружат со бренд амбасадорите на Polleo Sport. Дејан Манасков, Марио Јовановски, Мартин Стефановски, Јасна Лековска, Милена Антовска, Јелена Спенџарска, Симона Станковска, Дарко Петковски – Спејко, Роберт Ангеловски, Даниел Каранфиловски, како и Елена Ристеска која е заштитно лице на овој бренд во Македонија, ќе застанат позади касите во новата продавница за да ги услужат сите кои ќе изберат нешто од широката палета на производи од премиум брендовите за спортска опрема и здрава исхрана.

Продавницата која се наоѓа на булеварот Кочо Рацин, во близина на Олимпискиот базен, во сабота ќе биде отворена од 10 до 18 часот. 

Повеќе информации за настанот на ЛИНКОТ.

Facebook настан.

 

01 Јули 2016

За авторот