Комерцијален текст

Наслов

Polleo Sport ја отвора втората продавница

Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport ќе ја отвори втората продавница во центарот на Скопје, во близина на Олимпискиот базен, на булевар Кочо Рацин бр.7 (Југодрво).

Од 2 јули љубителите на здравиот и активен начин на живот ќе имаат можност на уште една локација да најдат био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки.

Од Polleo Sport велат дека отворањето на нивната втора продавница во Македонија е продолжување на мисијата за константно поместување на границите во борбата против лошите навики, преку едукација за важноста која здравата исхрана и физичката активност ја имаат за водење на квалитетен живот без болести и прекумерна телесна тежина.

Со отворањето на првата продавница минатиот месец, мултибренд продажниот центар Polleo Sport донесе широка палета на производи од познатите Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Zoe Leggings, и многу други. Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

21 Јуни 2016

За авторот