Полиција ќе трча покрај маратонците во Токио

Заради зголемување на безбедноста на својот маратон, Токио оваа година решава да испрати тим од полицајци кои ќе трчаат меѓу групата маратонци.

Како дел од зголемување на безбедносните мерки, овој 22 февруари на токискиот маратон меѓу огромниот број на натпреварувачи ќе трча и група на специјално обучени полицајци кои ќе бидат задолжени за следење на ситуацијата на терен и евентуално брзо решавање на било каков проблем.

Тимот ќе биде составен од 64 специјални избрани полицајци кои имаат искуство во маратонско трчање и кои ќе подлегнат на дополнителни тренинзи пред самиот настан кој е закажан за 22 февруари. На маратонот се очекува да има околу 36,000 натпреварувачи и повеќе од 100,000 гледачи, а полицајците ќе бидат соодветно обележани и распоредени меѓу групата што трча. 

Тие дополнително ќе бидат опремени со мали камери на нивните одела со што ќе се обезбеди следење во живо на самата ситуација, а ќе бидат задолжени да ги поминат сите 42 километри од маратонот заедно со поголемата група. 

Реакцијата доаѓа поради зголемените закани од терористички напади, но и поради случајот со двајцата јапонски новинари. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија