Полесно е да збориш отколку да одиш

Знаеш дека едноставното ОДЕЊЕ е полезно за твоето здравје, лаеш на сите страни како седењето во искривена положба е лошо, а пак претеруваш со поминатото време на задникот. Познато?

Веќе во голема мера е познато дека седењето е еден од полошите работи кои човек може да ги прави на дневно ниво, а познато е дека луѓето често и покрај фактот што знаат дека нешто е штетно, тие не прават напори за никаква промена.

Истражување направено на група на Американци ја потврди оваа спротивност. 94% од испрашаните изјавиле дека одењето е здраво, исто толку знаеле дека е добро за срцето и за слабеењето, а 80% знаеле дека помага при депресијата.

Но, 79% од луѓето самите изјавиле дека треба да одат повеќе отколку што се движат во сегашниот период, а третина од нив изјавиле дека помалку се активнит отколку што биле пред 5 години.

Како некои од главните причини за намаленото движење, и зголеменото седење испитаниците ги навеле недостатокот од енергија и време, и живеењето во населби каде што тие ги сметаат за несоодветни за шетање.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија