Релаксација во вода, уживање со друштво, еден убав ден поминат покрај, и во вода. Одмор за душа и тело.

Подводно уживање во Охрид

Периодов, полн со горештини, гужви и нервози, па убаво е да може да се одвои време за еден убав викенд за релаксација. Овој пат, изборот беше Охрид и нејзините засега преплавените плажи со зелени алги, кој за жал ја заматуваа водата.

Видеото е споено од 3 клипчиња. Првото и второто се снимени на дивите плажи на Трпејца, а последното на Пештани пред Лагадин кај трските. Супер викенд, со идеална температура на водата за разладување. Прв пат ја пробавме камерата под вода и еве како сето тоа искочи. УЖИВАЈТЕ..