Наслов

Жените спортисти што ја маркираа 2013

Храбри, одлучни и истрајни... ова е само пишана општа дефиниција за жените кои се натпреваруваа со себе и со светот за да докажат дека триумфот е возможен без разлика на верата, годините и минатите неуспеси. 

Елхам Асгари (Elham Asghari)

Во јуни годинава, Иранската пливачка Елхам Асгари исплива 20 километри во Каспиското Mоре со што го постави новиот рекорд во пливање на отворено море. Таа исплива во коплетно исламски покриен костум што и додаде тежина од 6 килограми. Но Иранските власти одбија да го прифатат рекордот, тврдејќи дека нејзиниот костум не бил во согласност со исламскиот закон. Асгари оваа одлука не ја поднесе лесно и постираше видео на YouTube кое го рашири и по социјалните мрежи за да ја изрази својата фрустрација.

Таа тогаш изјави, ”Мојот костум го покриваше целото тело додека пливав и седум луѓе ми се сведоци, а властите велат дека тој бил религиозно илегален. Мојот рекорд од 20 километри се држи како заложник во рацете на луѓе што едвај можат да испливаат дистанца од 20 метри. Поминав низ тешки денови и ноќи, бидејќи овој инцидент за мене е неверојатен. Пливањето не е екслузивно право за мажи, и ние жените можеме да пливаме добро!”. Асгари ја доби поддршката од целиот свет за својот став.


Дијана Ниад (Diana Nyad)

Еден збор за оваа жена, решителност! За повеќе од 50 часа, 64-годишната пливачка помина 177 километри од Куба до Флорида, со што стана прва жена, и личност воопшто, која го направила овој подвиг без кафез за заштита од ајкули.

Нејзиниот успех во септември беше предходен на четири неуспеси. На тоа Дијана вели ”Луѓето се откажуваат прерано. Ова не беше спортски настан, туку момент на човечкиот дух”. 

CNN направи документарен филм за нејзиниот подвиг...


Инби Парк (Inbee Park)

Во 2013 година, голферката од Јужна Кореа стана првата жена во последните 63 години (после Бејб Дидриксон Захариас-Babe Didrikson Zaharias во 1950 година) која што ги освоила 3-те главни голф титули за една година.

За време на церемонијата за играч на годината одржана во ноември од страна на женската професионална голферска асоцијација (LPGA), Парк изјави дека оваа година таа само го променила фокусот, ”Неочекувано, откога среќата стана моја цел, постигнав повеќе успех од било кога!”.

 
11 Март 2014

За авторот