Подобро од „халфпајп“ е дупли „суперпајп“

Од 19ти до 23ти март оваа година во Аспен, Колорадо ќе се одржи првиот настан од ваков формат во организација на Ред Бул наречен  Red Bull Double Pipe на кој што сноубордерите ќе возат во двоен халф пајп со гигантски димензии. 

Во следниве недели Snow park Technologies заедно со Ред Бул ќе се фрлат во градење на првиот двоен халф пајп составен од еден нов халф од олимписки калибар (суперпајп) поставен одма до веќе постоечкиот кој се користи за X-games. 

Двата халф пајп елементи поставени еден до друг ќе ja формираат најголемата склопка од овој тип на која натпреварувачите ќе може да се префрлаат преку најразлични трансфер елементи (шипки, канали и други елементи) кои ќе бидат поставени во просторот помеѓу главните корита.

Димензиите на секој суперпајп ќе изнесуваат импресивни 22 стапки (6,7 метри) високи ѕидови (олимписки калибар) со ширина од 68 стапки (20,7 метри). Должината на секое од коритата ќе изнесува 167 метри, а помеѓу двете корита ќе има простор од 1,2 метри на кој ќе бидат поставени трансфер елементите. Со ова, дуплиот халф пајп на Ред Бул ќе се здобие со најголемите димензии на ваков елемент. 

 Апдејт за настанот следете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија