Нов рекорд на „Балканската планинска трилогија” – Мусала, Вихрен, Митикас

Триото македонски планински тркачи Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Филип Тодоровски овој викенд успеаја да го подобрат времето за качување и симнување на трите највисоки балкански врвови – Мусала, Вихрен и Митикас. 

Екипата успеа да ги истрча трите највисоки врвови на Балканот, вклучително и да се транспортира помеѓу стартните точки за 17 часа и 55 минути со што поставија ново најдобро време на овој неспецифичен подвиг, подобрувајќи го времето на Дејан Тодевски од пред неколку недели кога ги мина за 19 часа и 23 минути.

Подвигот најпрво започна со највисокиот врв Мусала на Рила 2925 мнв. каде од Боровец до врв и назад тие го минаа за 3 часа 50 минути, потоа следеше транспорт до Банско – Шилигарника откаде за Вихрен 2914 мнв. им беа потребни 1 час и 41 минута, а на крај следеше Митикас на Олимп со неговите 2918 мнв за 4 часа и 10 минути. 

На последниот врв Филип им отстапи можност на Дејан и Александар да притиснат малку побрзо и да финишираат под 18 часа. Филип последниот врв го спушти малку подоцна. 

Вкупната должина на патеките изнесува 49,3 км со 4300 метри висинска разлика и 500 километри транспорт меѓу врвовите. 

Поставувањето на „Балкаската трилогија” како идеја поттикна од Александар Кирковски кои заедно со Игор Јовановски на почетокот на зимата 2016/17 направија обид за минувањена трите врва но во зимски услови каде истото е далеку покомплицирано и тешко. 

Овде ќе ги најдете трите ГПС записи од турата

Мусала – https://connect.garmin.com/modern/activity/1945454685

Вихрен – https://connect.garmin.com/modern/activity/1945454785

Митикас – https://connect.garmin.com/modern/activity/1945454911

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија