Почина еден најголемите шампиони во историјата на Формула 1.

Почина легендарниот Лауда

На 20 мај на 70 годишна возраст почина легендарниот Ники Лауда. Австриецот кој одбележа една цела декада во мотоспортот, ќе остане запаметен како еден од најголемите борци и родени шампиони кој некогаш се појавиле во автомобилизмот.

Лауда беше троен светски првак во Формула 1 и тоа во 1975, 1977 и 1984 година. Првите две титули ги освои возејќи за Ферари а третата ја заработи како пилот на болидот на Мекларен. Покрај неговите перфкетни перформанси на патеката, за жал ќе паметиме и по лузните кои останаа на неговото лице по страшната несреќа во 1976 година кога за време на Германското Гран При неговиот болид се запали. При инцидентот Лауда претрпе тешки изгореници особено во пределот на главата. Сепак, вреди да се напомене дека само шест недели по овој катастрофален настан тој се врати во својот болид што уште повеќе говори за психологојата на овој шампион.

По завршувањето на кариерата како Ф1 пилот тој беше успешен и како соственик на авио компании а делуваше и како неизвршен претседател на Мерцедес Бенц Гранд При. Во последните неколку години од своето делување се залагаше за намалување на мерките за безбедност во Ф1 за кои тој велеше дека се премногу и дека ќе го уништат спортот.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија